Skip to Content

Етика и пристрасност во ВИ

Предизвици и можности за Република Северна Македонија и регионот​

Со гордост ја претставуваме нашата нова публикација: „Етика и пристрасност во ВИ – Предизвици и можности за Република Северна Македонија и регионот“, издание на ВИ Сега, Асоцијација за вештачка интелигенција (AI Now Society).

Оваа бела книга претставува прва сеопфатна анализа на состојбата со етичките аспекти на вештачката интелигенција (ВИ) на Балканот. Во неа се обработени теми како:

  • регионалните стратегии и регулативи во областа на ВИ,
  • примери на пристрасност во алгоритми,
  • алатки за детекција и ублажување на етички ризици,
  • препораки за развој на праведна и транспарентна ВИ.

Автори на документот се:

  • Суад Сефери, основач и претседател на ВИ Сега,
  • проф. д-р Сеад Џигал, универзитетски професор,
  • проф. д-р Сања Аџаип Величковски, декан на Факултетот за хуманистички науки при МБУ.

Благодарност до медиумите

Сакаме искрено да им се заблагодариме на сите медиуми и јавни личности кои ја препознаа важноста на оваа тема и ја пренесоа пораката понатаму. Ви благодариме што ја охрабрувате јавната дискусија за етички и инклузивен развој на технологијата.

🔗 Линкови до медиумските објави:

Документот е достапен за слободно преземање и споделување: ЛИНК до PDF

Зошто ова е важно?

Во време кога вештачката интелигенција станува составен дел од нашето секојдневие, од образованието до здравството, важно е да се осигураме дека таа е создадена и применета на начин што ги почитува човековите права и социјалната правда. Овој документ е повик за регионално будење, да не го заспиеме етичкиот аспект додека брзаме кон технолошкиот напредок.