Skip to Content

Брза технологија, бавни општества

СЕАД ЏИГАЛ
15 февруари 2026 од
AI NOW

Во последните триесеттинагодини не добивме нови тек-уреди и играчки, туку спреминавме во сосема поинаква реалност.

Првин интернет. Потоа широкопојасен интернет. Па паметни телефони. По тоа социјални медиуми. И сега вештачка интелигенција. Еден бран по друг, побрз од претходниот. Научивме како брзо да ги користиме, како да скроламе, како да преземаме содржини, како да наоѓаме информации, но не научивме како правилно да живееме со нив. Тој дел ни недостасува.

Ова е основниот проблем. Нашата адаптација е конзумеристичка, а не социјална. Знаеме како да бидеме корисници, но не знаеме како да се заштитиме или да бидеме попродуктивни.

Индустриските револуции и технолошките промени во минатото траеа со децении и векови, и имаа време. Закони, уредби, правилници, норми, образование, јавното здравје, сето тоа беше регулирано откако беа пронајдени новите машини. Иако каскаше, човештвото сепак на крајот фати чекор со технологијата. Со дигиталната технологија, ова е драстично различно. Расчекорот помеѓу брзата технолошка револуција и социјалната адаптација продолжува да расте. Додека училиштата почнат да учат нешто за писменоста на социјалните медиуми, платформите веќе се смениле три-четири пати.

Погледнете колку време беше потребно за сериозни дебати за паметните телефони во училниците? Дури последниве неколку години некои земји почнаа да ги регулираат или ограничуваат паметните телефони поради проблеми со вниманието и менталното здравје на младите. Но, децата ги имаа веќе повеќе од две децении. Регулативата пристигнува доцна. Образованието пристигнува доцна. Заштитата пристигнува доцна.

Економијата и пазарот, се разбира, пристигнуваат многу рано.

Се адаптираме кога се вклучени пари. Нови апликации? Веднаш. Нови телефони? На 2 години. Нови алатки за вештачка интелигенција? Преку ноќ. А етички рамки? Критичко размислување и обука? Стратегии за психолошко справување? ... Сè уште се процесира.

Секогаш поврзани, но не и присутни

Мобилните телефони не само што ја сменија комуникацијата, туку ја заменија и присутноста. Разговорите сега се во трка со нотификациите. Контактот очи  в очи се потиснува од мултитаскирање на повеќе екрани. Тишината е непријатна освен ако немаш дигитален уред во рака. Истражувањата покажуваат дека постојаното изложување на екран ја ослабува способноста за читање изрази на лицето и емоционалните знаци. Емпатијата се намалува, вниманието се расплинува. Дури и родителите што користат телефони околу децата го нарушуваат емоционалното поврзување. Тоа не е ситна промена во однесувањето, туку длабоко трансформациска со сериозни последици во нашата секојдневна социјализација.

Зборуваме повеќе од кога било. Пораки, коментари, реакции. А длабочина и блискост во комуницирањето? Не баш.

Социјалните медиуми само ги зголемија и мултиплицираа проблемите. Заедницата порано значеше заеднички физички простор и стабилна долгорочна интеракција. Сега често тоа значи само публика. Фид. Настап. Не припаѓаш, само учествуваш и објавуваш. А логиката и алгоритмите на на платформите наградуваат првлекување внимание и видливост, но не и разбирање. Лајкови наместо слушање. Метрика наместо разбирање.

Овие комуникациски системи не се неутрални алатки. Тие се дизајнирани да нè држат таму, да скроламе, да кликаме, да проверуваме, да реагираме. Нотификации, низи, бесконечни фидови и скролање. Ситни допамински дозички. Повторно и повторно, одново и одново.

Но, така  расте и анскиозноста. Сонот се нарушува. Самодовербата се поврзува со бројки и онлајн валидација. Особено кај младите луѓе. Постојат силни докази што ја поврзуваат прекумерната употреба на социјалните медиуми со депресија, осаменост и нестабилност во расположението, а ние сè уште го третираме тоа како нормално однесување затоа што сите се онлајн.

Неизградивме општествени норми за дигитална рамнотежа. Не најдовме одговори на критичните прашања за јавното здравје, и само ја нормализиравме прекумерната употреба.

Вештачка интелигенција: Аутсорсинг на мислењето

Вештачката интелигенција целосно ја менува играта. Претходните технологии ја проширија нашата меморија и ја забрзаа комуникацијата. Вештачката интелигенција го проширува самото размислување. Пишување, сумирање, анализа, одлучување. Практично, да. Моќно, апсолутно. Но, исто така и многу ризично. 

Кога размислувањето станува опционално, тоа истовремено ослабнува.

Студентите кои користат вештачка интелигенција честопати ја прескокнуваат когнитивната фаза која резултира во разбирање. Возрасните кои користат вештачка интелигенција без соодветна обука покажуваат поголем стрес и помала самодоверба. Алатката што треба да помага завршува со зависност.

Не велам дека вештачката интелигенција е лоша. Не е. Може да поддржи учење, креативност, пристапност. Но, без образовни рамки, таа станува машина за зависност од технологија. И економска зависност од купување на премиум верзии на сервиси базирани на ВИ.

Ги екстернализираме меморијата и когнитивните активности кон алгоритмите и облакот. Го екстернализираме расудувањето.Каде е крајот на сето тоа?

Кон брзите технолошки иновации се адаптиравме како потрошувачи и корисници, но не како општества, заедници и како граѓани. Знаеме како да инсталираме апликации, но не и како алгоритмите ја обликуваат нашата перцепција. Ги прифаќаме условите за користење без да ги читаме. Разменуваме податоци за каква било угодност и заптеда на време. Се мериме себеси преку метриката на дигиталните платформи. Во меѓувреме, регулацијата е бавна, фрагментирана, често реактивна. Образовните системи учат софтверски вештини, но ретко учат контрола на вниманието, дигитална етика или писменост со вештачка интелигенција. Психолошката заштита е речиси непостоечка

Што би значело вистинското прилагодување?

Ако всушност се прилагодуваме, социјално, не само кориснички и комерцијално. три непта би изгледале драстино поинаку.

Прво, образование. Дигиталната писменост би значела повеќе од користење алатки. Би вклучувала критичка анализа на медиумите, свест за алгоритмите, етика за вештачката интелигенција, (само)контрола на вниманието. Учење како да се размислува со технологијата без да се дозволи таа да размислува наместо нас.

Второ, регулација. Дизајнот на платформите би бил проверуван на ист начин како што ја испитуваме безбедноста на храната или фармацевтските производи. Заштитата на децата би била проактивна, а не реактивна. Употребата на податоци би била транспарентна.

Трето, заштита на менталното здравје. Би ја третирале проблематичната дигитална употреба како прашање на јавното здравје. Промовирање на офлајн интеракција. Обнова на заеднички простори и физичка интеракција. Нормализирање на исклучувањето од дигиталните уреди како здраво однесување.

Во моментов правиме спротивно. Постојаната поврзаност е норма додека исклучувањето е аберација.  
Значи, тука сме. Технолошки напредни, социјално неподготвени и фрагментирано, лично изолирани и под стрес и анксиозност. Когнитивно асистирани, ментално исцрпени. Поврзани, но осамени.

Конечно, поентата не е да се отфрли технологијата. Тоа би било наивно и невозможно. Поентата е да престанеме да ја офрсираме и наметнува употребата без адаптација и заптита. Користењето алатки станува сѐ полесно. Градењето правила, норми, заштита и вештини за нив - тоа е тешкиот дел. Го прескокнуваме потешкиот дел, барем засега.

Но, ако не развиеме образовни, регулаторни и психолошки рамки што одговараат на брзината на иновациите, технологијата ќе продолжи да го обликува човековото однесување според пазарната логика и профитот, а не според човековата благосостојба.

И тоа е вистинскиот ризик. Не самите машини - туку нашиот неуспех да растеме заедно со нив.

Сеад Џигал,
2026.

Macedonian AI Data 2026: A Strategy for Digital Sovereignty
SUAD SEFERI